Линкови за пристапност

Астронаутите инсталираат соларни крила на вселенската станица


Екипажот на Меѓународната вселенска станица и американскиот спејс шатл Дискавери се на вселенска прошетка за да инсталираат нов комплет соларни крила за станицата да може да се снабдува со енергија.

НАСА вели дека двајца астронаути се очекува денеска околу шест ипол часа да ја инсталираат придружната рамка за соларните крила.

Американската агенција за вселенски истражувања соопшти дека двајцата астронаути ја минале ноќта во услови на намален воздушен притисок за да ги подготват нивните тела за задачата.

Членовите на екипажот ја употребуваат роботската рака на вселенската станица за маневрирање со последниот дел од рамката што треба да биде ставен на место. Структурата е долга речиси 14 метри и тежи околу 14 метрички тони. Таа ќе ги држи соларните крила кои треба да бидат поставени утре, формирајќи го последниот сегмент на апаратурата за соларна енергија. Со тоа, 10 години старата орбитирачка станица ќе работи со полн капацитет.

XS
SM
MD
LG