Линкови за пристапност

Обама: Бонусите на АИГ покажуваат дека треба нова агенција за надзор на парите за помош 


Американскиот претседател Барак Обама вели дека исплатата на големи бонуси во осигурителниот гигант АИГ упатува на потреба од нова агенција за надзор на федералните средства дадени за спасување.

Обама кажа дека се консултира со Конгресот за создавање навласти за финансиската помош што ќе има слична моќ како постојната агенција што врши надзор на банките (Корпорацијата за осигурување на федералните депозити).

Претседателот вели дека ја споделува лутината на јавноста заради исплатата на 165 милиони долари вишоци во АИГ, што „претставуванесоодветна употреба напари на даночните обврзници“. АИГ доби околу 170 милијарди федерални пари за спасување по избивањето на американската финансиска криза минатата година.

Главниот директор на АИГ, Едвард Лиди, во среда кажа дека ја сфаќа јавната лутина во врска со бонусите. Но тој вели дека АИГ морало да ги исплати од почитување на договорите со вработените и заради спречување на тие лица да си дадат оставка.

Во сведочење пред Конгресот, Лиди рече дека побарал од вработените кои добиле поголеми бонуси од сто илјади долари, да вратат барем половина од парите. Тој рече дека некои ја вратиле целата сума.


XS
SM
MD
LG