Креаторите на политиката во американската централна банка
– Федералните резерви на денешниот состанок во Вашингтон ќе разговараат за
начините за поттикнување на американската економија. Притоа не се очекува да ги променат веќе
снижените каматни стапки. Според
најавите, банката ќе ја задржи главната камтна стапка на историски ниското ниво
од 0 до 0.25 проценти. Економисти
наведуваат дека претставниците на Федералните резерви размислуваат за нови
иницијативи за помош на кредитните пазари, како на пример купување на
долгорочни обврзници од владиниот Оддел за финансии, со цел да олесни земањето
на кредити за приватните лица и бизнисите.
Кредитниот пазар е од клучно значење за
економскиот растеж, но тој замре откако колабираше американскиот пазар на
домување.
Претседателот Барак Обама денес заминува во
Калифорнија, на дводневна посета и јавни настапи чија цел е да ја зајакне
поддршката за својата економска политика.
Тој вчера возврати на критичарите на неговиот предлог-буџет да понудат
конструктивни алтрнативи, коментирајќи дека на земјата попрво и` се потребни
добри идеи отколку политички препирки.
Предлог-буџетот во висина од 3.6 трилиони долари деновиве е мета на
критики од страна на републиканците кои тврдат дека тој само ќе го зголеми
федералниот дефицит преку планираното трошење и зајмење. Обама, пак, смета дека на краткорочен план е
круцијално економијата повторно да заживее, како и да се направат инвестиции на
долгорочен план за намалување на здравствените трошоци, збогатување на
енерегетските залихи и подобрување на образованието.