Линкови за пристапност

Музеј за моќта на ветерот


Денес, еден од клучните извори на обновлива енергија е ветерот, кој преку огромни турбини помага во производството на електрична енергија. Оваа пракса најдобро функционира на ветровити места од западниот дел на Тексас, па се до двете Дакоти на север. Енергијата добиена од ветер не е новитет за овие предели во САД каде ветерниците долго време играле важна улога, како за процесот на вадење на водата од бунарите, така за мелење на житото.

Ветерниците можеа да се видат на секоја фарма или ранч во срцето на Америка. Логично, со се` поголемата употреба на електричната енергија, тие се ставени под клуч. Но оние кои сакаат денес да ги видат – можноста е да го посетат Центарот за енергија добиена од ветар.

Тоа е музеј, кој зафаќа огромна површина. Во него се сместени околу 90 ветерници од различен вид и големина. Карактеристично е што и самиот музеј поголемиот дел од оперативната енергија ја добива од ветерна турбина. Во добри, ветровити денови турбината произведува повеќе електрична енергија од потребното, така што вишокот овој центар го продава на локална енергетска компанија. Тогаш кога турбината не произведува доволно енергија, центарот се снабдува од локаланата електрична мрежа.

Бидејќи ветерот е непостојана категорија, Кој Харис, извршниот директор на овој музеј, вели дека градовите и другите населени области не можат да сметаат само на ветерот за добивање на енергијата.

„И натаму мора да постојат погони за преработка на јаглен и се` останато, бидејќи без оглед дали има ветер или не, луѓето сакаат да имаат струја", вели Харис.

Директорот за развој на Американскиот центар за енергија добиена од ветер, Глен Патон, вели дека електричната енергија добиена на ваков начин има огромен потенцијал, но процесот е делумно ограничен заради застарената инфраструктура.

„Проблемот е што во одредени области електричната мрежа датира уште од 40-те, 50-те и 60-те години и тој систем не може да ја процесира енергијата добиена од ветерната турбина", вели Патон.

Сепак, во голем дел од западниот дел на сојузната држава Тексас, забележано е дека одредени фарми успешно функционираат со употребата на ветерниците. Надлежните во Тексас и на други слични места со зачестено искористување на ветерот како извор на енергија, планираат поврзување на фармите во овие предели со мрежите на електрична енергија во поодалечените градови каде побарувачката на енергијата е голема. Експертите воедно работат и на изнаоѓање на ефикасни начини за складирање на вишокот на енергија за натамошна употреба.

Тие сметаат дека пронаоѓачите пред повеќе од еден век, направиле ефикасни ветерници и тоа со едноставни, но елегантни механизми. Експертите додаваат дека доколку ваква иницијатива се примени денес, енергијата добиена од ветер ќе стане дел од лепезата на извори на обновлива енергија кои ќе бидат користени во иднина.

XS
SM
MD
LG