Линкови за пристапност

Обама „Денот на Свети Патрик“ ќе го одбележи со ирски лидери


Американскиот претседател Барак Обама празникот Свети Патрик ќе го мине во разговори со ирски политички лидери.

Претседателот во Белата куќа ќе биде домаќин на ирскиот премиер Брајан Коен, а фокусот на разговорите ќе биде глобаланата економија, имиграцијата и неодамнешните превирања во Северна Ирска.

Обама се очекува да се сретне и со Првиот министер на Северна Ирска, Питер Робинсон и неговиот заменик, Мартин Мекгинис.

САД деновиве ја повторија определбата за мирно решавање на ситуацијата во Северна Ирска, откако минатата недела дисидентските републиканци убија еден полицаец и двајца војници во околината на Белфаст.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон убијците ги нарече „криминалци.“

Клинтон денеска се среќава со Гери Адамс, лидерот на политичкото крило на Ирската Републиканска Армија, Шин Феин.

XS
SM
MD
LG