Линкови за пристапност

САД и Британија го поздравија крајот на кризата во Пакистан


САД и Британија ја поздравија одлуката на пакистанската влада за мирно решавање на политичката криза преку повторно назначување на претходно отповиканите судии на Врховниот суд.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон, резолуцијата ја нарече прв чекор кон помирување.

Британскиот секретар за надворешни работи Дејвид Милибенд одвоено го пофали пакистанскиот претседател и опозициониот лидер за ставање на интересите на земјата на прво место.

Дипломатите го повикаа пакистанското раководство да стави крај на еднонеделната криза, изразувајќи загриженост дека таа ќе го пренасочи фокусот на Исламабад од борбата против Ал Каида и Талебан.

Пакистанската влада денеска спречи потенцијално насилен протест во главниот град, со тоа што се согласи на барањата на опозицијата за повторно назначување на поранешниот популарен главен правобранител, Ифтикар Мухамед Чаудри на функцијата.

Неколку часа по оваа владина одлука, се случи самоубиствен бомбашки напад во Равалпинди, јужно од Исламабад, при што загинаа 12, а повредени се 18 лица.

XS
SM
MD
LG