Линкови за пристапност

Русија планира повторно наоружување


Рускиот претседател Дмитри Медведев истакна дека Русија ќе започне со повторно наоружување од високи размери како одговор на тероризмот и заради, како што рече, напорите на НАТО за проширување во близина на руските граници.

Медведев ова го изјави по денешната средба со руското воено раководство. Руските новински агенции го цитираат како вели дека повторното наоружување, предвидено за 2011 година, ќе биде фокусирано на стратешки нуклеарни сили. Медведев истакна дека Русија располага со ресурси да го реализира овој план и покрај глобалната финансиска криза.

Напорите на поранешниот американски претседател Џорџ Буш за зачленување на Украина и Грузија во НАТО, Русија ги смета за директна закана по националната безбедност. Москва вели и дека американските планови за инсталирање на систем за противракетна одбрана во Полска и Чешката Република, претставуваат слична закана.

Во меѓувреме, Русија соопшти дека ќе инсталира нов проектил со неколку боеви глави и нуклеарен потенцијал, веднаш по истекувањето на клучниот договор меѓу САД и Русија за контрола на вооружувањето, подоцна годинава.

XS
SM
MD
LG