Линкови за пристапност

Обама лут заради бонусите разделени меѓу директорите на АИГ


Американскиот претседател Барак Обама се придружи на хорот изливи на лутина заради потегот на осигуретилната компанија, Американ Интернешнал Груп.

АИГ пријави огромни загуби во своето работење, по што доби милијарди долари владина помош, за деновиве да исплати 165 милиони во бонуси на своето раководство.

Обама истакна дека компанијата е во неволја заради „неодговорно работење и алчноста." Тој додаде дека е тешко да се оправда ваквото однесување пред даночните обврзници кои практично ја одржуваат во живот оваа компанија и вети дека ќе бидат преземени сите можни правни мерки за да се спречи исплата на вакви награди.

Американскиот претседател ова го изјави денеска во Белата куќа, од каде понуди нова владина помош овојпат на малите бизниси во САД. Обама нив ги нарече силата на креирањето на нови работни места.

Актуелната администрација работи на програма за олеснување на малите бизниси да позајмуваат пари, потребни за да се прошират и да вработуваат нови луѓе. Програмата планира и употреба на средствата од владиниот стимулативен пакет помош за поттикнување на банките да одобруваат кредити за развој на малите бизниси во земјата.

Нов владин извештај покажа дека американската економија сеуште е во тешка ситуација. Во овој случај, податоците покажаа дека индустриското производство опаднало четврти месец по ред во февруари, и обемот на капацитетот на американските фабрики што е во употреба е на рекордно ниско ниво.

XS
SM
MD
LG