Линкови за пристапност

Самоубиствен напад близу Исламабад


Бомба експлодирала во близина на автобуска станица јужно од пакистанскиот главен град, убивајќи притоа најмалку девет лица и ранувајќи 17 други.

Локалната полиција вели дека експлозијата во Равалпинди изгледа била дело на самоубиствен напаѓач. Некои новински извештаи велат дека бомбашот бил во автомобил или на моторцикл кога бомбата експлодирала.

Нема други информации.

Нападот се случи истиот ден кога владата попушти на барањето на опозицијата да го врати на работа популарниот судија на Врховниот суд. Отстапката ги натера приврзаниците на опозициониот лидер Наваз Шариф да прогласи прекинување на таканаречениот „долг марш" на Исламабад.

Пакистан се соочи со бран на милитантни напади последниве неколку години. Владата неодамна потпиша одвоени мировни договори со исламските милитанти во Долината Сват и соседниот регион Бајаур.

XS
SM
MD
LG