Линкови за пристапност

Сигнали на надеж за американската економија


Во обраќање во институцијата Брукингс во Вашингтон, Самерс рече дека главниот двигател на американската економија, потрошувачката, сега се „стабилизира“, а не опаѓа.

Тој ги истакна и олеснувањата во кредитните трошоци и помалите рати на кредитите од банките, како начини кои можат да придонесат за подобрување на економската активност.

Советникот во Белата куќа за економски прашања додаде дека американската економија минала низ мошне тешки времиња и дека е прерано да се очекуваат резултати од програмата на претседателот за економско опоравување.

Самерс истакна и дека САД мора да го прекинат циклусот на губење на работни места и намалување на потрошувачката, зашто тоа води кон нови отпуштања од работа.

Штом ќе дојде до опоравување на американската економија, вели Самерс, таа ќе биде силна особено заради побарувачката на автомобили и домови, што во моментов не е адекватно задоволена.

Тој вели дека потребни се околу 14 милиони нови автомобили како замена за застарените и задоволување на потребите на порастот на населението, но во моментов годишно се продаваат само околу девет милиони возила. Самерс наведе дека слична е ситуацијата и со пазарот на недвижнини.

Советникот на претседателот за економија заклучи дека со опоравувањето на економијата во САД, од особена важност е да се извлече поука од актуелната криза и да се обезбеди дека следната економска екпанзија ќе биде поставена на здрава основа, а нема да биде поведена од финансиска неумереност.

XS
SM
MD
LG