Линкови за пристапност

Децата на иселениците во Детроит учат македонски


Единственото место каде децата на македонските иселеници можат да го учат јазикот и македонски танци е црквата „Раѓање на Пресвета Богородица" во Стерлинг Хајтс, во Детроит. Секој петок 70-тина деца во две групи посетуваат настава на македонски.

Интересот е голем поради предизвикот да се совлада кирилицата во земја која има различно писмо, велат родителите.

Снежана Матовски е наставничка која на децата им предава од учебникот „Запознајте ја Македонија", одобрен од Министерството за образование на Република Македонија. Таа објаснува дека на часот на кој присуствувавме децата ќе вежбаат опишување предмети. Не само вербално, туку и писмено, вели таа.

Матовска вели дека предизвикот е дотолку поголем што повеќето од децата го говорат само англискиот јазик.

Катерина Димеска, благајник во КУД Танец од Детроит, зборуваше за мотивите да се изучува македонската култура во туѓина: „Кога родителите го чувствуваат македонското, и децата ќе сакаат да го знаат македонскиот јазик. Сите деца со интерес ја следат наставата."

Во изминатите година и половина, децата учат ора како Копачија, Водарки, Сред село, Тропнало и Жетварка.

Големата посетеност на часовите се должи и на големиот број македонски иселеници во Детроит. Според проценките во поширокото подрачје на градот живеат околу 20.000 Македонци, што ја чини најголемата македонска заедница во Северна Америка.

XS
SM
MD
LG