Линкови за пристапност

Нагло намалување на американскиот трговски дефицит


Огромниот трговски дефицит на САД во јануари паднал на најниско ниво во последните шест години, во време кога се` подлабоката рецесија ја скрати американската побарувачка на нафта и други увезени добра.

Трговскиот дефицит претставува разлика меѓу американскиот извоз и странската стока што САД ја купуваат.

Според Одделот за трговија, во јануари дефицитот паднал за 9,7 проценти на ниво од 36 милијарди долари. Ова е шести последователен месец како дефицитот се намалува. Додека рецесијата ја намали американската побарувачка за странски производи, таа истовремено ја снижи продажбата на американски производи во странство, иако не така драстично.

Во одвоен извештај, што го подготви Универзитетот на Мичиген, се вели дека американските потрошувачи и натаму се песимисти во однос на економската ситуација. Анкетата што опфатила стотици испитаници покажува дека потрошувачката доверба малку се подобрила, но сепак е близу најниското ниво во последниве 28 години.

XS
SM
MD
LG