Линкови за пристапност

Кина најави дополнителни економски мерки


Кинескиот премиер Ван Џијабао најави дека земјата е подготвена да преземе дополнителни мерки за стимулирање на економијата доколку таа и натаму има проблеми.

Во говорот пред Националниот народен конгрес, Вен изјави дека владата има „адекватна муниција“ доколку дојде економските услови станат потешки. Кина во ноември минатата година веќе објави пакет за стимулирање на економијта од 585 милијарди и поголемиот дел од него е наменет за финансирање на инфраструктурни проекти. Но, и покрај тоа, кинескиот премиер кажа дека ќе биде тешко да се оствари целта за остварување на минимум осум проценти економски растеж годинава. Владата смета дека тој процент е потребен за одржување на подносливо ниво на невработеност и спречување на евентуални социјални немири во земјата.

Вен рече и дека е загрижен за „безбедноста“ на кинеската актива во САД. Кина има инвестирано големи количини девизни резерви во американски владини обврзници.

XS
SM
MD
LG