Линкови за пристапност

Подем на берзите во Азија по вестите за нови стимулативни мерки во Јапонија и Кина


Акциите на азиските берзи бележат подем, главно поради најавите од Јапонија и Кина за усвојување на дополнителни стимуларивни мерки, како и поради - по подолго време - добрите вести од американската економија.

Јапонскиот главен индекс Никеи на крајот од денешното тргување со акции забележа пораст од пет проценти споредено со вчера, додека тргувањето во Сиднеј и Хонконг нарасна за преку три проценти.

Најновите промени уследија откако јапонскиот премиер Таро Асо повика на усвојување на дополнителни мерки за економско стимулирање, а кинескиот премиер Ван Џијабао вети дополнителна, слична акција за економијата на неговата земја.

Вредноста на акциите на азиските берзи се зголеми и под влијание на поволните вести од Вол Стрит во четвртокот. Трите главни американски берзански индекси забележаа пораст од три до четири проценти. Инвеститорите ја поздравија и најавата од Банката на Америка дека годинава ќе забележи профит, како и веста дека рејтингот на обврзниците на Џенерал Моторс нема да биде така драстично намален како што се стравуваше.

XS
SM
MD
LG