Сезоната на грип е во ек. Но американските лекари се загрижени бидејќи клучниот лек против овој потенцијално смртоносен вирус, Тамифлу, се почесто се покажува неефикасен.
Лекарите велат дека вирусите на грип стануваат се` поотпорни на овој лек што некогаш важеше за најдобар.
Во Американскиот центар за контрола на болести, д-р Алиша Фрај ги анализира вирусите на грип. Таа вели дека годинава е забележана мошне голема отпорност на овој лек.
Пред две години, само еден процент од од примероците на вирусите на грип што д-р Фрај ги испитувала, биле отпорни на Тамифлу.
Стручњаците се загрижени за тоа каков би бил третманот при можна пандемија на грип и каква грижа би се обезбедила за пациентите. Д-р Грег Поланд од клиниката Мејо вака прогнозира: „Ќе има чести хоспитализации и да, ќе има повеќе смртни случаи."
Добра вест е што отпорниот вирус не е смртонесен во големи размери, за разлика од вирусот на птичјиот грип.
Сепак во моментов има само една солидно тестирана алтернатива на Тамифлу, а тоа е лекот Раленза. Во прав е и се прима само преку инхалирање, што е тешко за многумина, додека други не можат воопшто да го користат. Тоа се луѓето со хронични респираторни проблеми, како астма, бремените жени и децата под седумгодишна возраст.
Тамифлу е функционален за одредени вируси на грипот. Лекарите се децидни дека превенцијата е поважна од кога и да е порано. Д-р Алиша Фрај вели дека најдобрата одбрана против грипот е вакцинацијата.
Сепак, треба да се знае дека вакцините не даваат комплетна заштита. Затоа, лекарите препорачуваат често миење на рацете и избегнување контакт со заразените лица.
Во меѓувреме продолжува работата на изнаоѓање нови лекови за борба против оваа болест.