Линкови за пристапност

Гајтнер го бранеше буџетот на Обама пред Конгресот


Американскиот секретар за финансии Тимоти Гајтнер пред Конгресот ги бранеше владините трошоци што Кабинетот на претседателот Барак Обама ги планира за наредната фискална година што започнува овој октомври. Гајтнер наиде на прашања и критики од републиканските членови на Сенатската комисија за буџет, според кои предлог-буџетот само ќе ги зголеми американските трошоци, долгот и даноците, а не покажува фискална дисциплина.

Секретарот за финансии возврати дека буџетот за 2010-та ја насочува земјата на пат на фискална одговорност - тогаш кога ќе биде воспоставен економски опоравок. Гајтнер рече дека владата мора да стори се` што може за да ги врати Американците на работа, да го стимулира приватното инвестирање и да овозможи повторно да се даваат кредити. Тој утре заминува на состанокот на министри за финансии на „Групата 20“ индустриски и земји во развој во Лондон.

XS
SM
MD
LG