Линкови за пристапност

Обама ги повика сојузните држави мудро да ги трошат средствата од економскиот пакет


Американскиот претседател Барак Обама ги повика сојузните држави мудро да ги трошат средствата од обемниот пакет за стимулирање на економијата, додавајќи дека Американците очекуваат парите да бидат потрошени домаќински - до последниот долар.

На состанокот со претставници на американските сојузни држави, Обама порача дека тие имаат шанса значително да придонесат и да ја насочат земјата во подобра насока. Американскиот претседател побара да се работи „далеку над“ вообичаеното, со цел да се осигура дека американските граѓани ќе ја добијат потребната помош, а економијата - потребниот поттик.

Темата на еднодневната конференција во организација на Белата куќе беше како сојузните држави да се пријавуваат и да ги користат средствата наменети за нив во неодамна донесениот пакет за стимулирање на економијата, чиј вкупен износ е 787 милијарди долари.

Американскиот потпретседател Џо Бајден на конференцијата најави над 8 милиони долари федерални средства за стимулирање на нови работни места, алтернативни видови на енерија и транспортни проекти.

XS
SM
MD
LG