Линкови за пристапност

Најмалку 12 загинати во напад врз наводно засолниште на милитантни во Пакистан


Проектил за кој се претпоставува дека е истрелан од американско беспилотно летало денес погодил наводно засолниште на милитанти во Пакистан, при што загинале 12 лица.

Според сведоци и официјални лица, нападот бил извршен во племенскиот регион Карам во Западен Пакистан, во близина на границата со Авганистан. Во извештаи од регионот се пренесуваат неименувани пакистански претставници според кои куќата уништена во нападот била користена за обука на милитанти на Талебан.

Од минатата година – наваму, САД извршија серија ракетни напади врз Ал-Каида, Талебан и други милитантни цели во пакистанскиот племенски пограничен регион. Пакистанската влада ги осуди нападите, велејќи дека претставуваат прекршување на нејзиниот територијален суверенитет.

Пакистан е под интензивен меѓународен притисок да се спротистави на растечкото исламско бунтовништво и да ги отстрани Талебан и другите милитантни групи за кои се верува дека имаат бази во беззаконските племенски региони на земјата.

XS
SM
MD
LG