Линкови за пристапност

САД и Кина се обидуваат да ја намалат напнатоста околу поморскиот инцидент 


Американскиот претседател Барак Обама денес ќе се сретне со кинескиот министер за надворешни работи Јанг Џиечи во Белата куќа, во време кога двете земји се обидуваат да ја намалат напнатоста поради поморскиот инцидент во Јужното Кинеско Море и да се насочат на стабилизирање на глобалната економија.

Портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс кажа дека инцидентот ќе биде тема на состанокот, но дека не очекува да доминира во дискусијата. Спорот настана по неодамнешниот инцидент во Јужното Кинеско Море, во кој, според американски претставници, кинески бродови се заканувале на истражувачки брод на американската морнарица. Официјален Пекинг, пак, тврди дека американскиот брод бил на шпионска задача.

Без оглед на ваквите тврдења, обете страни соопштија дека работат на расчистување на последиците од инцидентот и се обидуваат да се насочат на соработка во други области.

Портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи вчера во Пекинг уште еднаш обвини дека бродот на Американската морнарица „Импекабал“ ги прекршил кинеските и меѓународните закони, но подвлече дека Кина дема да дозволи спорни прашања да го попречат севкупниот развој на солидни и стабилни односи со САД.

Кинескиот министер за надворешни работи Јанг Џејачер вчера се сретна со американската државна секретарка Хилари Клинтон. На средбата, за која американски лица велат дека опфатила редица прашања, Јанг и Клинтон разговарале и за поморскиот инцидент. Портпаролот на кинеското Министертсво за надворешни работи кажа дека Јанг ка изразил кинеската принципелна позиција и севкупна загриженост поради инцидентот.

Кинескиот министер за надворешни работи неделава е во Вашингтон поради серија средби главно насочени на прашања од заеднички интерес, како што е глобалната економска криза. Посетата има за цел и да изврши подготовка за средбата на американскиот претседател Барак Обама со кинескиот претседател Ху Жинтао на Самитот Г-20 наредниот месец.

XS
SM
MD
LG