Линкови за пристапност

17-годишник уби 15 лица во училиште во Германија


Германската полиција застрелала 17-годишник откако тој во училиште во близина на Штутгарт убил 15 лица. Облечен во црна униформа, младичот влегувал во училниците на средното техничко училиште Албертвил во местото Виненден и отворал оган, убивајќи деветорица ученици и тројца професори. Напаѓачот, кој бил поранешен ученик во училиштето, побегнал пред да дојде полицијата и подоцна убил уште три лица. Според властите, поголемиот број од жртвите во училиштето се од женски пол. Напаѓачот бил пронајден мртов по подоцнежна пресметка со полицијата. Полициски претставници велат дека можеби извршил самоубиство.

Во Берлин, германската канцеларка Ангела Меркел изрази шокираност од трагедијата и кажа дека се работи за ужасно злостроство. Таа денес прогласи ден на жалост во Германија.

XS
SM
MD
LG