Линкови за пристапност

САД повикаа на „значителна“ акција против рецесијата


Американскиот секретар за финансии Тимоти Гајтнер вели дека светските економски сили треба да се посветат на „значителна и трајна акција“ против глобалната рецесија.Тој предупреди дека рецесијата се продлабочува и дека индустриските силни земји треба да сторат повеќе за да помогнат на економиите во развој да избегнат економско опаѓање.

Гајтнер утре заминува на средба на министри на финансии во Лондон.Неговиот коментар ја отсликува главната разлика меѓу САД и Европа околу тоа како да се одговори на економската криза.САД веруваат дека земјите треба да го зголемат трошењето за да ја поттикнат забавената економија, додека европски финансиски претставници го тврдат спротивното.

Американскиот претседател Барак Обама денес коментираше дека усогласената акција е единствениот начин да заживее светската економија.

XS
SM
MD
LG