Линкови за пристапност

Сенатска расправа за енергетската иднина


Минатата недела, Сенатската комисија за енергетика и природни ресурси одржа распит за иднината на енергетското истражување и развој. Владини лица, научници и претставници на приватниот сектор дискутираа за најновите технологии на енергетско истражување, односно како да се одбере најдобриот вид на енергија што би бил еколошки оправдан и обновлив.

Американскиот секретар за енергетика Стивен Чу ја критикуваше зависноста на САД од странска нафта и истакна дека економијата заснова на чисти видови на енергија е приоритет:

-Актот за обнова ќе отвори нови работни места, а нашите домови и канцеларии многу поштедливо ќе користат енергија. Планот вклучува и климатизација на семејства со ниски примања, што ќе чини пет милијарди долари.

Планот содржи и поттици за приватни инвестиции за чисти видови на енергија и отворање на нови работни места.

Вториот чекор би бил поддршка за научни истражувања што ќе доведат до нови видови на технологија. Тоа наиде на поддршка кај другите присутни на распитот.

Џорџ Кребтри е научник од Лабораторијата Агрони од сојузната држава Илиноис. Тој говореше за нова генерација на енергетска технологија: високоефикасна енергија од јаглен, нуклеарна, сончева и енергија на ветер, геотермална енергија како и автомобилите – хибриди и оние кои работат на електрично напојување:

-Следната генерација на енергетска технологија несомнено ќе се развие, но се поставува прашањето дали САД ќе ја купуваат или продаваат.

Владата на претседателот Обама е мета на критики поради околу малата поддршка за нуклеарната енергија.

-Нуклеарната енергија мора да биде интегрален и витален дел од американската енергетска иднина, доколку сакаме да го намалиме испуштањето на гасоци штетни по озонската обвивка, кажа републиканскиот сенатор Џон Мекејн.

Експертите се согласни дека засега не е познато која од енергиите ќе стане стандардна. Додека тоа не се случи, на Капитол Хил посекако ќе продолжат распитите на оваа тема.

XS
SM
MD
LG