Линкови за пристапност

Обама вели дека потпишува „несовршена“ мерка за владини трошоци


Американскиот претседател Барак Обама вели дека потпишува „несовршена" мерка за владини трошоци со која владата ќе добие средства за непречено работење до крајот на оваа фискална година на 30-ти септември.

Мерката од 410 милијарди долари вклучува финансирање на 8.000 проекти што во неа ги додале конгресните пратеници за своите сојузни држави – процес познат како „маркирање". Вкупната цена на таквите проекти изнесува над 7 милијарди долари.

Обама денес кажа дека маркирањето понекогаш се користи за одвојување на федерални средства за проекти што навистина заслужуваат финансирање, но дека во конкретниот случај, тоа било употеребено како средство за „расипување на средства, проневера и злоупотреба" преку проекти додадени во последен момент, без проверка, а понекогаш и без заслуга.

Американскиот претседател побара маркирањето да биде предмет на проверка и јавно испитување и кажа дека трошоците за проекти не смеат да претставуваат политички контрауслуги. Тој побара Конгресот да спроведе реформа на маркирањето.

XS
SM
MD
LG