Американскиот Конгрес до претседателот Барак Обама ја проследи усвоената мерка за владини трошоци до крајот на оваа фискална година што завршува на 30-ти септември, во висина од 410 милијарди долари. Се очекува претседателот да ја потпише мерката, со што таа ќе стапи на сила.
Повеќето републиканци во Сенатот критикуваа дека мерката е прескапа. Фискални конзервативци од обете партии беа против големиот број проекти содржани во неа што ги внесоа пратениците за свооте сојузни држави. Мерката содржи 8.000 такви проекти што ќе чинат над седум милијарди долари.