Линкови за пристапност

Вооружено лице убило 10 лица во Алабама, потоа си го одзело животот


Вооружен напаѓач во сојузната држава Алабама убил 10 лица, меѓу кои роднини и случајни минувачи, а потоа се самоубил, соопшти полицијата. Неидентификуваното лице започнало да отвора оган во вторникот попладне, кога наводно ја запалило куќата на својата мајка.

Полицијата го бркала цели 19 километри додека тој пукал врз неа и случајните минувачи. Напаѓачот на крај се засолнал во фабрика за метал во гратчето Женева, каде се самоубил.

Властите велат дека меѓу жртвите се мајката на напаѓачот и други роднини, сопругата и детето на заменикот-шериф, како и други три лица.

XS
SM
MD
LG