Линкови за пристапност

Медов би можел да добие до 150 години затвор


Властите велат дека обвинетиот американски измамник Бернард Медов би можел да добие до 150 години казна затвор за проневера на милијарди долари на своите клиенти-инвеститори.

Федералните обвинители вчера ги објавија 11-те точки по кои се товари овој поранешен трговец со акции на Вол Стрит. Медов наводно од 1980-те, па се до неговото апсење во декември 2008-та, проневерил милијарди долари на неговите клиенти под лажни изговори.

Според обвинението, Медов организирал масовна шема со која средствата на клиентите биле злоупотребувани, а тие добивале лажен впечаток дека тој раководи со легитимен инвестиционен бизнис.

Вршителот на должноста американски правобранител Лев Дасин вели дека обемот и опфатот на проневерата на Медоф е без преседан. Адвокатот на Медоф најави дека тој ќе се изјасни како виновен по обвинението што вклучува измама, лажно сведочење и перење на пари.

XS
SM
MD
LG