Линкови за пристапност

Се` повеќе Американци велат дека не се верски определени


Според истражување за верскиот живот во САД што го направи Колеџот Тринити во Конектикат, бројот на христијани се намалил, а се` поголем број на луѓе велат дека воопшто не се верски определени. Така, 15 проценти од Американците се изјасниле дека не се верници, што е за 8,2 проценти повеќе од 1990-та.

Католиците и натаму се најголемата верска група со околу 25 проценти од населението. Во 2008-ма, христијаните сочинувале 76 проценти од населението, за разлика од 1990-та, кога процентот бил 86. Истражувањето наведува дека намалувањето отпаѓа најповеќе на таканаречените „главни" протестантски конфесии како методисти, лутеранци, презбитеријанци и епископалци. Од друга страна, пораснал бројот на муслимани, од 0.3 во 1990-та на 0.6 проценти во 2008-ма.

XS
SM
MD
LG