Линкови за пристапност

Обама предложи план за подобрување на образованието


Американскиот претседател Барак Обама вели дека образовниот систем на земјата треба да биде таков „што ќе му завидува светот" и предложи негово подобрување преку поголема одговорност, помудро трошење и повеќе помош за учениците кои се стремат да добијат високо образование.

Обама на средба на Американската латиноамериканска трговска комора во Вашингтон рече дека квалитетот на американското образование паднал под нивото на многу од неговите меѓународни конкуренти, што се одразило на способноста на американските студенти да се натпреваруваат со другите при вработување. Тој даде и равенка според која секој долар инвестиран во образовни иницијативи во САД на рана возраст, подоцна значи 10 долари помалку во трошоци за социјална помош, во здравствени трошоци, како и помал криминал.

Обама предочи и дека пакетот за стимулирање на економијата, што неодамна го потпиша, предвидува инвестиции од 5 милијарди долари во ширење на образовните програми, подобрување на квалитетот на заштитата на децата, како и повеќе програми за децата со специјални потреби.


XS
SM
MD
LG