Линкови за пристапност

Кина и САД спорат околу инцидент во Јужното Кинеско Море


Кина и САД разменија обвинувања во врска со спорот во Јужното Кинеско Море. Морнарицата на САД тврди дека пет кинески бродови во неделата опколиле и малтретирале нејзин разузнавачки брод што се наоѓал во меѓународни води. Официјален Пекинг, пак, обвини дека бродот „Импекабал“ го прекршил меѓународното право и кинеските закони со тоа што дејствувал во специјална економска зона.

Бродот бил на околу 120 километри од кинескиот остров Хаинан кога, според американската морнарица, бил принуден да запре поради вонредни околности. Американски морнарички претставници велат дека кинеските бродови исфрлиле дрвени препреки на патеката на „Импекабал“ и се обиделе да се прикачат на каблите со кои бродот влечел сонарна опрема за подморници.

За време на инцидентот, кинеските морнари се приближиле на осум метри, по што персоналот на „Импекабал“ почнал да прска вода од противпожарните црева кон кинеските бродови.

XS
SM
MD
LG