Линкови за пристапност

Далај Лама:  Тибет под кинеска власт  – „пекол на земјата“


Духовниот лидер на Тибет Далај Лама, кој живее во прогонство, ја обвини Кина дека убила стотици илјади жители на Тибет и го претворила регионот во - „пекол на земјата.“

Во говорот во Дарамсала, на одбележувањето на 50-та годишнина од востанието против кинеското владеење, Далај Лама рече дека изминатите пет децении донеле невидено патење и уништување на земјата и народот на Тибет. Тој рече дека репресивната политика и насилните кампањи на кинеската влада за време на окупацијата донеле големо страдање и проблеми за Тибеќаните што тие буквaлно искусиле пекол на земјата.

Кина веднаш го отфрли невообичаено остриот коментар на Далај Лама. Кинеското Министерство за надворешни работи возврати дека нема да одговори на, како што ги нарече, лагите на Далај Лама.

По говорот, Далај Лама во разговор со новинари негираше дека побарал независност за Тибет. Во говорот, пак, тој го повтори своето барање за легитимна и вистинска автономија на Тибет.

XS
SM
MD
LG