Линкови за пристапност

Обама одобри истражувања на клетки што поттикнуваат  развој 


Американскиот претседател Барак Обама потпиша извршна наредба со која се укинува ограничувањето за федерално финансирање на медицински истражувања со користење на човечки ембрионски клетки што поттикнуваат развој.

Од Белата куќа, Обама рече дека научниците веруваат оти човечките ембрионски клетки може да и помогнат на научната заедница да разбере и евентуално да излечи некои од најтешките болести.

За разлика од возрасни клетки, кои имаат специфични функции, клетките кои поттикнуваат развој од многу млади ембриони имаат способност да израснат во кое било ткиво во телото. Научниците велат дека ембрионските клетки носат ветување за лекување и третман на болести од дијабетис до парализа.

Обама рече дека нема гаранција дека истражувањата со користење на човечки ембрионски клетки што поттикнуваат развој ќе дадат резултати. Тој призна дека истражувањето е контроверзно, но рече дека по голема дискусија, дебатирање и слушање различни мислења, вистинскиот курс за акција станал појасен - мнозинството Американци го поддржуваат истражувањето со ембрионски клетки што поттикнуваат развој.

Американскиот претседател рече дека ќе има строги правила на користење на клетките и дека тоа ќе биде под силен надзор. Обама го повика Конгресот да дејствува непартиски и да даде поддршка на вакви истражувања.

Во август 2001-ва, тогашниот претседател Џорџ Буш забрани користење на финансиски средства од даночните обврзници за вакви истражување.

Критичарите велат дека е неморално да се уништуваат човечки ембриони за научно истражување.

Клетките што поттикнуваат развој се мастер-клетки од кои се формираат сите видови на телесно ткиво.

Обама стави потпис и на претседателски меморандум со кој се упатува Канцеларијата за научна и технолошка политика во Белата куќа да развие стратегија за реставрирање на, како што рече, интегритетот на науката при донесување владини одлуки.

XS
SM
MD
LG