Претставници на Светската банка велат дека глобалната економија ќе се намали во 2009, за прв пат по Втората светска војна.
Студија на банката исто така вели дека светската трговија е на пат да падне најмногу за последните 80 години, со најтешки последици за азиските економии.
Претседателот на банката Роберт Зелик побара инвестиции за креирање работни мести за да се избегнат социјални и политички немири.
Според извештајот, ударот го чувствуваат земјите во развој кога и богатите позајмуваат големи суми на пари за да ги поткрепат своите економии, оставајќи помалку пари за позајмување на сиромашните нации.
Кризата тера некои развиени нации за ги намалуваат ставките во буџетот за помош на светот во развој.
Банката проектира јаз од стотици милијарди долари меѓу потребите на сиромашните нации за финансирање и она што ќе им биде достапно.