Линкови за пристапност

Започнаа воените вежби на САД и Јужна Кореја


Армијата на Северната Кореја е на готовс и предупреди дека ќе се одмазди секому кој ќе се обиде да го пресретне планираното лансирање на сателит.

Во време кога јужнокорејските и американските сили ги почнаа годишните воени вежби, новинската државна агенција на Северот јави дека уништувањето на сателитот ќе значи почеток на војна.

Во друг развој на настаните, севернокорејски официјални лица соопштија дека околу 700 лица ги откажале патувањата за заедничкиот индустриски комплекс во Каесонг, откако Пјонгјанг ги искучи армиските телефонски линии за Југот во знак на протест поради заедничките воени вежби.

Пјонгјанг ги окарактиризира маневрите како опасна воена провокација. Северна Кореја постојано ги обвинува САД и Јужна Кореја за агресивни намери поради воени вежби, кои се одржуваат со години наназад.

Во заедничката воена вежба учествуваат американски носач на авиони, 26.000 американски војници и повеќе од 30.000 корејски армиски лица. Вежбата треба да заврши на 20-ти март.

XS
SM
MD
LG