Линкови за пристапност

Обама ги симнува ограничувањата на истражувања на клетки што поттикнуваат развој


Американскиот претседател Барак Обама се очекува да ја потпише извршната наредба со која ќе се укине ограничувањето на федерално финансирање за медицинско истражување со користење на човечки ембрионски клетки што поттикнуваат развој.

Советниците на претседателот велат дека Обама ќе му нареди на Американскиот национален институт за здравство да подготви препораки за тоа кога и како е етички и законски исправно да се употребуваат федерални средства за финансирање на истражување на ембрионски клетки што поттикнуваат развој.

Во август 2001-ва, тогашниот претседател Џорџ Буш забрани користење на финансиски средства од даночните обврзници за вакви истражување.
Критичарите велат дека е неморално да се уништуваат човечки ембриони за научно истражување. Критичарите на истражувањата велат дека уништување на човечки емвриони за истражувања е неморално.

Клетките што поттикнуваат развој се мастер-клетки од кои се формираат сите видови на телесно ткиво. Научниците веруваат дека клетките што поттикнуваат развој може да послужат за наоѓање лек за болести како Алцхајмеровата и Перкинсовата, но и за повреди на рбетниот столб.

XS
SM
MD
LG