Со раководството во Анкара Клинтон во сабота ќе разговара за прашања како Ирак, Авганистан, Иран и Блискиот Исток.
Аналитичарите велат дека односите на Турција со Хамас и со државите од арапскиот свет, прават земјата да игра клучна улога во регионот, а се споменува и подобрувањето на односите со Израел по војната со зборови меѓу двете земји по неодамнешната израелска воена операција во Газа.
За време на посетата на Клинтон на Анкара ќе стане збор и за ситуацијата во Авганистан.Се очекува американската државна секретарка да изврши притисок врз Турција за зголемување на своето воено присуство во оваа земја.
Турските сили во моментов во околината на Кабул се ангажирани во мировна мисија, но САД се надеваат на тоа дека и други земји ќе испратат свои трупи во Авганистан, со што ќе се интензивираат напорите за сузбивање на Талебан активен главно на југот на земјата.
Експертот за меѓународни односи Соли Озел од Универзитетот Билги, вели дека оваа идеја тешко ќе мине кај турското воено раководство.
Аналитичарите додаваат и дека освен пречките од воен аскпект, тука е и идеолошката загриженост.Според Озел, турската влада со корења во исламот нема да биде комотна турска армија да биде ангажирана во војна против Талебан.
„Тука се поставува прашањето за турски трупи да се борат против муслимани, проблем ќе биде да се остава таков впечаток, како ќе се објаснат неизбежните жртви“, вели овој експерт.
Уште една жешка тема на која Клинтон се очекува да разговара со своите турски колеги е иранската нуклеарна програма, за која САД сметаат дека е дел од програма за производство на нуклеарно оружје, обвинување што Техеран го порекнува.
Следна тема на агендата на американската државна секретарка ќе биде Ирак од каде САД планираат повлекување на своите војници.Турскиот министер за надворешни работи месецов изјави дека САД ќе добијат дозвола за користење на турската територија за успешно повлекување на трупите.Но тој дух на соработка би можел да служи како комромис за актуелните напори во Конгресот за потврда на масовните убиства на турските Ерменци во 1915-та година од страна на Отоманските сили и нивно оквалификување како геноцид, обвинување кое Анкара остро го порекнува.