Линкови за пристапност

Клинтон предлага покана за Иран на конференција за Авганистан


Американската државна секретарка Хилари Клинтон предложи Иран да биде поканет на меѓународна конференција за Авганистан, што се очекува да се одржи на 31-ви март.

За време на средбата на НАТО во Брисел, Клинтон предложи на конференција во вакви размери да бидат поканети соседните земји како Иран, земји-членки на НАТО и донатори.

Секретарот Клинтон истакна дека САД веруваат оти регионалните напори се клучни во справувањето со екстремизмот во Авганистан и Пакистан.

Локацијата каде ќе се одржи оваа конференција се` уште не е позната.

XS
SM
MD
LG