Линкови за пристапност

Нагло зголемување на бројот на невработени во САД


Стапката на невработеност во САД во февруари нараснала на 8,1 процент, а биле затворени 651.000 работни места, според најновите, петочни податоци на владиниот Оддел за труд.

Ова претставува пораст на невработеноста од половина процент и таа е на највисоко ниво во последниве 25 години.

Нималку добри податоци за најголемата економија во светот која и онака пати од паднатите цени на домови, намалена потрошувачка доверба и се` потешкото добивање на кредити.

Конгресменката Керолин Малони која преседава со Конгресната Комисија за економија, губитокот на работни места го нарече „мошне вознемирувачки.“ Таа додаде дека од почетокот на рецесијата во САД пред 14 месеци, наваму, загубени се 4,4 милиони работни места.

По објавувањето на извештајот на Одделот за труд, забележан е пораст на индексите на американската и европската берза, додека претходно вредноста на акциите на берзите во Азија нагло опадна.

XS
SM
MD
LG