Линкови за пристапност

Растат тензиите меѓу двете Кореи


Јужна Кореjа ги поттикнува авиокомпаниите да ги пренасочуваат своите летови по вчерашното предупредување на Северна Кореjа дека не може да ја гарантира безбедноста на авионите кои влегуваат во нивниот воздушен простор.

Започнувајќи во сабота на полноќ, јужнокорејските власти за безбедност на цивилната авијација побараа од авиокомпаниите да престанат да летаат во близина на Северна Кореа.

Двата најголеми државни авиопревозници, Кореан Ер и Асиана , веќе започнаа со пренасочување на летовите од претпазливост.

Портпаролот на Кореан Ер вели дека промените главно ќе се однесуваат на летови од САД и други западни држави.

Северна Кореа вели дека не може да гарантира безбедност на цивилните летови заради претстојните американско-јужнокорејски армиски вежби.

Северна Кореја предупреди дека вежбите, што започнуваат в понеделник, може да предизвикаат војна.

Државните медиуми на Пјонгјанг ги обвинија САД за подготвување на инвазија на комунистичката држава.

Вашингтон и Сеул велат дека рутинските вежби што инволвираат десетици илјади војници се чисто одбранбени.

XS
SM
MD
LG