Линкови за пристапност

Обама ќе патува во Европа


Американскиот претседател Барак Обама подоцна месецов ќе замине на своето прво патување во Европа откако ја презеде функцијата во јануари.

Турнејата, што ќе започне на 31 март, ќе ги опфати Британија, Франција, Германија и Чешката Република, а ќе заврши на петти април.

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ова го соопшти во Брисел каде учествува на средбата на министрите за надворешни работи на НАТО.

Агендата на Обама го вклучува самитот на Групата 20 во Лондон, како и конференцијата САД-ЕУ во Чешката Република.

XS
SM
MD
LG