Линкови за пристапност

Џенерал Моторс се ближи кон колапс


Рецесијата нанела толку голема штета на најголемиот автопроизводител во САД, Џенерал Моторс, што се поставува прашањето дали воопшто може да остане во бизнис.

ЏМ доби 13 милијарди владини пари во вид на заем и бара уште 16 милијарди. За да ги задржи тие пари, компанијата треба да ги убеди владините претставници дека има ефикасен план за да остане на пазарот. Доколку плановите за реконструкција не успеат, ЏМ вели дека може да биде присилен во банкротство.

Продажбата на автомобили опадна со растењето на загриженоста на Американците за нивните работни места. Нов владин извештај вели дека бројот на Американци кои кои бараат компензација заради невработеност малку е намален минатата недела, за 31 илјада, така што сега тоталната цифра е 639 илјади, но сликата за американскиот пазар на работни места и натаму е мрачна.

XS
SM
MD
LG