Суданскиот претседател Омар Ал-Башир го отфрли
Меѓународниот кривичен суд, еден ден откако ова тело издаде налог за негово
апсење под обвиение за воени злосторства во регионот Дарфур – прв таков налог
на судот против еден актуелен претседател.
Башир пред илјадници симпатизери во главниот град Картум коментираше дека
потегот е дел од заговорот на Запад повторно да го колонизира Судан поради
нафтените и други природни извори.
Обвинението против Башир содржи седум точки на
воени злосторства и злосторства против човештвото, меѓу кои и убиства, силувања
и тортури. Судан реагираше во рок од
неколку часови, протерувајќи најмалку 10 странски агенции за помош. ОН реагираа дека тоа ќе биде сериозна
препрека за хуманитарните операции за - според проценките – вкупно 2,5 милиони
раселени лица во Дарфур, каде во 2003-та бунтовници кренаа востание против
суданската влада. Според ОН, во борбите
и насилството поврзано со нив досега се убиени над 200.000 лица. Судан тврди дека бројот е далеку помал, околу
10.000.