Линкови за пристапност

Самит за реформа на здравствената заштита во Белата Куќа 


Американскиот претседател Барак Обама започнува со активности за реформирање на националниот систем за здравствена заштита со форум во Белата куќа.

Обама поканил повеќе од 120 лица на форумот, вклучувајќи лекари, пациенти, претставници на здравственото осигурување и законодавци, да разговараат за тоа како да се намалат трошоците за најскапиот здравствен систем во светот. Претседателот вели дека растечката цена на здравствена заштита е закана за целокупната американска економија.

Обама исто така сака да го прошири системот така што повеќе лица ќе имаат пристап до здравствено осигурување. Околу 46 милиони Американци се неосигурани.

Во неговиот предлог-буџет за 2010, претседателот алоцираше 634 милијарди долари за десет годишно финансирање на реформата на здравствена заштита.

XS
SM
MD
LG