Линкови за пристапност

Ќе се претресат договорите на владата со надворешни субјекти


Американскиот претседател Барак Обама нареди променa во начинот на кој работи федералната влада, со цел да се искорени непотребното трошење во тешки економски времиња.

Претседателот Обама предложи огромно зголемување на федералните трошоци како начин за стимулирање на економијата. Но, во исто време, тој рече дека мора да биде преземен чекор да се обезбеди секој долар да биде мудро потрошен.

Неговата најнова цел: домаќинско трошење при склучување владини договори вредни милијарди долари, секоја година со приватни бизниси.

Обама рече дека до сега користениот систем не е добар зашто многу пари се трошат залудно: „Мора да ја задржиме довербата на јавноста. Парите од американските даночни обврзници мора да бидат потрошени согласно нивните приоритетите, а не да ги полнат џебовите на договорните соработници или за одржување на проекти кои не функционираат."

Тој рече дека новите правила треба да обезбедат сите надворешни договори треба да вредат за парите, да има надзор и одговорност. Заштитедите притоа може да бидат околу 40 милијарди долари годишно: „ Трошиме пари за работи за кои немаме потреба и плаќаме многу повеќе отколку што би требало".

Американскиот претседател ги нагласи договорите склучени за разни дејности во Ирак: „Во Ирак, премногу пари се исплатени за услуги никогаш неисполнети, за згради никогаш неизградени и на компании кои прескапо наплаќаа. "

Меѓу оние кои го поддржаа ставот на Обама по ова прашање, е републиканскиот сенатор Џон Мекејн, кој во претседателската трка 2008-ма беше конкуренција на Обама.

Сенаторот Мекејн се залагаше за силни мерки против бесцелното владино трошење . Тој ја поздрави акцијата, но рече дека не е доволно. Мекејн негодуваше заради некои непотребни проекти придодадени од поедини членови на Конгресот.

Од Белата куќа велат дека претседателот го потпишал законот за буџетот во 2009-та, подготвен уште од администрацијата на Буш, за да продолжи финансирањето на владата до почетокот на новата фискална година, која почнува во октомври.

XS
SM
MD
LG