Линкови за пристапност

Британскиот премиер во американскиот Конгрес повика на „глобален Нов договор“ 


Британскиот премиер Гордон Браун во обраќањето во американскиот Когрес ги повика пратениците да го мотивираат светот да застане зад напорите за справување со глобалната економска криза.

Браун го повтори повикот за меѓународно реструктуирање на финансиските системи, што го нарекува „глобален Нов договор". Британскиот премиер предлага банкарско уредување во светски рамки, како и глобална соработка за економско стимулирање и намалување на каматните стапки. САД и Велика Британија особено мора да избегнат протекционизам и и да ја „обноват вербата во иднината" преку инвестирање во нови производи, услуги и технологии за да се овозможи просперитет, отворање на нови работни места и спречување на рецесијата, подвлече Браун. САД и Британија не смеат да ги заборават оние земји кои имаат помалку и затоа сиромашните земји треба да им бидат приоритет во реакцијата на економската криза, порача Браун на заедничката седница на обата дома на Капитол Хил.

Британскиот премиер го пофали американското лидерство во светот и се заложи за обнова на британско-американското партнерство, што го окарактеризира како - „нескршливо".

XS
SM
MD
LG