Скејтбордингот е популарен и натпреварувачки спорт за милиони млади ширум САД и светот. Во него долго време доминираа момчињата. Но, во средното училиште Ист Сајд во Њујорк, девојчињата започнаа ги учат тајните на скејтбордингот и стануваат дел од оваа култура.
Таму беше воспоставен час по скејтбординг за оние кои имат желба да научат за спортот:
-Имаше скејтери во нашето училиште, но јас не знаев како тоа да го правам и кога дојдов тука - научив. Почнав да размислувам за скејтбордингот и надвор од рамките на учиилиштето и неодамна си купив скејтборд, вели ученичката Џејд Флоус.
Били Рохан е професионален скејтер, но и учител:
-Оваа програма ја иницираше непрофитната организација „Опен роуд“ од Њујорк. Таа започна по редовните часови во уличница, во паркот во близина. Училиштето забележа колкав интерес привлекуваат има кај децата и сакаше да ја прошири за да може да се одвива како вистински час на училиште.
На часот се учат основните елементи на скејтбордингот и многу девојки се инспирираат да ги усовршат вештините. Џејс Фелоус вели дека девојчињата се рамо до рамо со момчињата:
-Има многу спортови за кои велат дека се само за момчиња. Но, девојчињата можат да се натпреваруваат во кој и да е спорт. Кога луѓето ќе слушнат за скејтбординг, претпоставуваат дека е машки спорт, но и ние девојчињата знаеме да управуваме со скејтборд.
Заменикот-директор Том Мален исто така забележал промена меѓу момчињата и девојчињата во класовите откако почнале да се занимаваат со овој спорт:
-Децата поубаво се чувствуваат. Имаат поголема самодоверба. Се обидуваат да направат нешто ново, вежбаат, чувствуваат дека стануваат подобри. Сето тоа помага во животот воопшто.
Децата преку скејтбордингот симболично учат и добри правила во животот - да одржуваат рамнотежа, како и кога ќе паднете, дека е најбитно повторно да - станете.