Линкови за пристапност

Уште еден иден член на кабинетот на Обама со проблеми околу неплаќање даноци


Номинираниот за иден секретар за трговија, Рон Кирк, не подмирил данок во висина од 10.000 долари во изминатите три години и е трет висок претставник на администрацијата на претседателот Обама кој се соочува со даночни проблеми.

Сенатската комисија за финансии објави извештај во кој се вели дека поранешниот градоначалник на Далас не платил данок за 37-те илјади долари заработени со говори. Комисијата вели дека Кирк по грешка ги пријавил парите како добротворна донација за колеџот каде дипломирал.

Портпаролот на Белата куќа вели дека проблемот е од минорна природа и дека администрацијата останува убедена дека Кирк ќе биде потврден на функција.

XS
SM
MD
LG