Линкови за пристапност

Намален бројот на затвореници во Ирак


Американската армија вели дека бројот на затвореници во надлежност на коалиционите сили во Ирак опаднал на помалку од 14.000 од рекордните 26.000 во 2007-ма.

Армиски извори додаваат дека затворениците се ослободени или пренесени во ирачка надлежност со цел исполнување на обврските од безбедносниот договор постигнат на 1-ви јануари.

Американските сили во Ирак повеќе немаат надлежност да држат во притвор осомничени лица без да има поднесено официјални обвиненија по нив, како што беше случај од инвазијата врз Ирак под водство на САД во 2003 година, наваму. Според договорот, американските сили дел од затворениците ги предаваат во ирачка надлежност, а останатите ги пуштаат на слобода.

XS
SM
MD
LG