Линкови за пристапност

Обама на Русија и` нуди тајна спогодба за системот за противракетна заштита


Виши претставници на Белата куќа велат дека претседателот Барак Обама на Русија и понудил спогодба во врска со контроверзниот план на САД за поставување на систем за противракетна одбрана.

Од Белата куќа велат дека Обама писмено му се обратил на својот колега Дмитри Медведев и предложил дека САД би ги преиспитале своите планови за инсталирање на систем за противракетна одбрана во Источна Европа, доколку Москва се согласи да помогне во напорите Иран да се спречи да развива проектили со долг домет.

Портпаролот на Медведев потврди дека писмото е добиено, но изјави дека тоа не содржело никакви предлози за какви било заеднички одлуки.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за системот за противракетна одбрана ќе разговара со американскиот државен секретар Хилари Клинтон на средбата во Женева закажана за петок. Претседателите Обама и Медведев ќе се сретнат во Лондон на 2-ри април.

XS
SM
MD
LG