Линкови за пристапност

Британскиот премиер Гордон Браун во посета на САД


Претседателот Барак Обама денеска во Белата куќа се среќава со британскиот премиер Гордон Браун на разговори кои ќе се фокусираат на справувањето со глобалната економска криза.

За време на денешната средба и во обраќањето пред обата дома на Конгресот закажано за утре, премиерот Браун се очекува да се наврати на периодот на големата депресија за време на претседателствувањето на Френклин Делано Рузвелт и да го обелодени „новиот договор“ на 21-от век, референца на економската политика на Рузвелт, за спас на светската економија.

Браун препорачува сите земји да обезбедат готовина во нивните економии, како и согласност за спроведување на меѓународни реформи на банките и реорганизација на финансиските институции воопшто.

XS
SM
MD
LG