Линкови за пристапност

Се` повеќе Американци работат надвор од канцеларија


Околу 30 милиони Американци, или една петина од работната сила во земјата, значителен дел од своето време го минуваат работејќи надвор од типични канцелариски услови, погон или фабрика. Овде спаѓаат и луѓето кои патуваат до своите работни места во друг град и таму остануваат еден или повеќе денови во неделата.

Но, во оваа се и се` поголем број Американци кои работат од, како што се нарекуваат, „трети локации.“

Веќе сте ги виделе или пак сте виделе фотографии од нив – повеќето се млади луѓе, со себе имаат лаптоп комјутери и работат во кафетерии, библиотеки или ресторани. Значи не дома или во канцеларија туку на „трета локација“.

Весникот Ју-Ес-Еј Тудеј овие лица ги нарекува армија без корења. Тие ги заземаат главните маси некаде близу пладне, ги ставаат слушалките на уши и работат до доцна во денот. Овие вработени стануваат редовни муштерии на споменатите локации, секогаш барајќи ја истата маса што обично ја делат со некои слични на нив. Еден од менаџерите на овие локации вели дека секако тие купуваат производи од кафетеријата или ресторанот и секогаш ја отстапуваат масата доколку местото стане преполно со нови гости.

Овие независни луѓе со скратено работно време се или писатели, дизајнери, консултанти или нешто слично. Бидејќи немаат своја канцеларија, се поставува прашањето зошто не работат од дома?

Корисниците на „третите локации“ велат дека домашните услови се полни со начини за одвлекување на вниманието и концентрацијата, така што секогаш доаѓаат во искушение да прават се`, освен да работат. Впрочем, им се допаѓа и атмосферата, друштвото на другите како нив, па дури и професионално сомеленото кафе. Дома се чувствувам изолирано, вели еден од овој вид на работници во САД, во изјавата за весникот Ју-Ес-Еј Тудеј. Ова е како сурогат на работна атмосфера.


XS
SM
MD
LG